ПЕЈЗАЖ ОД ЧЕРЧИЛ КОЈ БИЛ ПОДАРОК ЗА РУЗВЕЛТ, А ГО КУПИЛЕ БРЕД ПИТ И АНЏЕЛИНА ЏОЛИ, СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 11.5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ПЕЈЗАЖ ОД ЧЕРЧИЛ КОЈ БИЛ ПОДАРОК ЗА РУЗВЕЛТ, А ГО КУПИЛЕ БРЕД ПИТ И АНЏЕЛИНА ЏОЛИ, СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 11.5 МИЛИОНИ ДОЛАРИЧерчил му ја подарил сликата на Рузвелт во Казабланка во 1943. (Фото: „Кристис“)

    Пејзаж насликан од Винстон Черчил, кој беше во сопственост на Анџелина Џоли, се продаде на аукција за над 11.5 милииони долари, и со тоа го сруши претходниот рекорд за уметничко дело од британскиот премиер. Сликата „Кулата на џамијата Кутубија“ (Tower of the Koutoubia Mosque) се продаде во „Кристис“ во Лондон за над 8 милиони фунти или 11.590.715 долари. Првичната цена беше од 1.5 до 2.5 милиони фунти. Претходно најскапо продадено дело од Черчил беше за 1.8 милиони фунти.

    Сликата од џамијата од 12. век на зајдисонце во Маракеш, Мароко со планините Атлас во позадина, е дело кои има и политичка и холивудска историја. Черчил го насликал делото во јануари 1943 на Конференцијата во Казабланка, кога тој и американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт го планирале поразот на нацистичка Германија. Двајцата лидери го посетиле Маракеш, и Черчил му ја подарил сликата на Рузвелт во спомен на патувањето.

    По смртта на Рузвелт во 1945, неговиот син ја продал сликата, и имало уште неколку купувачи пред да стигне до Џоли и Бред Пит во 2011. Славната холивудска двојка се разведе во 2019, после тригодишни договарања за старателството над децата и поделбата на имотот, во која спаѓа и импресивна ументичка колекција.

    Сликата ја продаде „Семејната колекција на Џоли“, но купувачот остана анонимен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира