ПЕПЕЛТА НА СТИВЕН ХОКИНГ ПОГРЕБАНА ДО ЊУТН И ДАРВИН

    ПЕПЕЛТА НА СТИВЕН ХОКИНГ ПОГРЕБАНА ДО ЊУТН И ДАРВИНГробницата е покриена со сива мермерна спомен-плоча, на која стои пораката „Тука лежи она што беше смртно од Стивен Хокинг“, има изгравирана слика од дупка, како и познатата негова равенка која ја опишува ентропијата на црната дупка (Фото: ПА)

    Урната со пепелта на Стивен Хокинг беше погребана во Вестминистерската катедрала во Лондон, во близина на гробовите на Исак Њутн и Чарлс Дарвин, оддавајќи му почест на славниот физичар да почива со одбрана група на значајни национални личности.

    Њутон бил погребан во 1727 година, а Дарвин бил закопан покрај него во 1882 година.

    „Тој едноставно не ѝ дозволи на неговата попреченост да му го спречи патот во науката или да се забавува“, рече на службата американскиот теоретски физичар, нобеловец и пријател на Хокинг, Кип Торн.

    Ќерката на славниот физичар, Луси положи цвеќе во гробот во делот каде се погребани светски научници (Фото: ПА)

    Актерот Бенедикт Камбербач, ќерката на Хокинг, Луси, како и Тим Пик, британски астронаут од Европската вселенска агенција, исто така говореа на службата.

    Светски познатиот научник почина на 14 март во неговиот дом во Кембриџ, на возраст од 76 години. На 31 март во црква во Кембриџ имаше приватна погребна церемонија на која присуствуваа голем број познати личности.

    Британецот е познат по својата работа за црните дупки и релативитетот, напишал неколку популарни научни книги, меѓу кои и бестселерот „Кратка историја на времето“ од 1988 што се продаде во 10 милиони примероци. На 22 години му бил дијагностициран редок вид моторна невронска болест и прогнозите биле дека ќе живее уште само 2 години. Болеста го остави во инвалидска количка, а и не можеше да зборува, освен преку синтетизатор на глас.

    Семејството на Хокинг положи цвеќе и медал во гробот, откако неговата пепел беше закопана во близина на гробовите на повеќе научници.

    Гробницата е покриена со темно сива мермерна спомен- плоча, на која стои пораката „Тука лежи она што беше смртно од Стивен Хокиг“, има изгравирана слика од црна дупка, како и познатата негова равенка која ја опишува ентропијата на црната дупка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира