ПОБЕДНИКОТ НА КИНЕНОВА „ФАМИЛИЈА“ ЈА ОТВОРА ПРВАТА РЕВИЈА НА ВЕНЕЦУЕЛСКИ ФИЛМ

    ПОБЕДНИКОТ НА КИНЕНОВА „ФАМИЛИЈА“ ЈА ОТВОРА ПРВАТА РЕВИЈА НА ВЕНЕЦУЕЛСКИ ФИЛМ„Фамилија“ на венецуелскиот дебитант Густаво Рондон Кордова е победник на филмскиот фестивал Киненова Скопје 2017

    „Фамилија“ на венецуелскиот дебитант Густаво Рондон Кордова, што победи на годинашниот фестивал Киненова Скопје, вечерва ја отвора првата ревија на венецуелски филм, во Кинотеката на Македонија во 20 часот.

    Ревијата ќе трае до 29 октомври, ја организираат Киненова и амбасадата на Боливарска Република Венецуела во Бугарија, а ќе играат 5 играни и еден анимиран филм од најновата венецуелска продукција.

    Иако „Фамилија“ е веќе прикажан на неколку големи светски филмски фестивали, како Кан и Сан Себастијан, првата главна награда ја доби токму на Киненова 2017.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари