ПОЧИНА ЏОНАС МЕКАС, ПИОНЕР НА АВАНГАРДНИОТ ФИЛМ

    ПОЧИНА ЏОНАС МЕКАС, ПИОНЕР НА АВАНГАРДНИОТ ФИЛМРежисерот и поет Мекас беше икона на експерименталниот филм (Фото: Шатерсток)

    Џонас Мекас, режисер, критичар и поет, роден во Литванија, познат низ светот како „кум“ на модерната американска авaнагарда и документарист на Њујорк , почина на 96 години.
    Мекас, кој бил во нацистички камп и поминал повеќе години како бегалец, почина во неговиот дом, соопшти Архивот на антологиски филмови. Мекас беше уметнички директор на Архивот, водечко авангардно кино и центар за заштита на филмовите во Њујорк.

    Мекас бил во центарот на најзначајниот период на авангардата, кој се дружел со ѕвезди како Џеки Кенеди, Џон Ленон и Енди Ворхол. Објавил поезија и мемоари, снимили стотици филмови и видеа, пишувал влијателни колумни и го основал Архивот, каде често во младоста доаѓал Мартин Скорсезе.

    „Не постои само еден збор, ниту пак дузина, кои ќе го карактеризираат значењето на придонесот на Мекас“, напиша критичарот Хоберман во 2012.

    Скорсезе, Џон Вотерс и Џејмс Франко беа меѓу неговите обожаватели и почитувачи, и иако тој никогаш не беше дел од комерцијалниот свет, во неговиот круг на пријатели и соработници беа некои од најславните личности во светот.

    Режисерот Џим Џармуш по смртта на Мекас рече дека тој бил еден од најинспиративните уметници кои ги запознал, и дека е „поетска верзија на учител за кунг-фу“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира