ПОЧИНА КЕТРИН ЏОНСОН, ЦРНОМУРЕСТА МАТЕМАТИЧАРКА ЗАСЛУЖНА ЗА ПРВИТЕ МИСИИ ВО ВСЕЛЕНАТА

    ПОЧИНА КЕТРИН ЏОНСОН, ЦРНОМУРЕСТА МАТЕМАТИЧАРКА ЗАСЛУЖНА ЗА ПРВИТЕ МИСИИ ВО ВСЕЛЕНАТАЏонсон беше дел од групата црномурести научнички познати под името Скриени фигури, чија приказна беше раскажана во истоимениот филм од 2016 (Фото: АП)

    Легендарната математичарка на НАСА, Кетрин Џонсон, една од најзаслужните за првите американски мисии во вселената, почина на 101 година. Таа беше дел од групата црномурести научнички познати под името Скриени фигури, чија историска улога беше практички непозната до излегувањето на истоимениот филм во 2016 година.

    „Денеска славиме 101 година живот и ѝ оддаваме почит на нејзиното наследство кое кршеше расни и општестевни бариери. Никогаш нема да ги заборавиме нејзините постигнувања и храброст“, соопшти НАСА.

    Џонсон ја нарекуваа „човечки компјутер“ поради способноста за брзо рачно решавање равенки. Заедно со своите колешки-математичарки Дороти Вон, Мери Џексон и д-р Кристин Дарден, Џонсон ги надмина сите облици на расна и родова дискриминација за да стане интегрален дел од раните обиди на НАСА за истражување на вселената.

    Таа работеше на сложени мисии како историско патување на Ален Шепард во вселената и ги направи последните пресметки потребни за мисијата на Џон Глен во орбитата.

    Барак Обама во 2015 година ѝ додели Претседателски медал на слободата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира