ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СРПСКИ ПЕЈАЧ ПРЕДРАГ ЖИВКОВИЌ ТОЗОВАЦ ОД ПОСЛЕДИЦИ ОД КОВИД

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СРПСКИ ПЕЈАЧ ПРЕДРАГ ЖИВКОВИЌ ТОЗОВАЦ ОД ПОСЛЕДИЦИ ОД КОВИДТозовац беше голема музичка и телевизиска ѕвезда во бивша Југославија (Фото: Н1)

    Легендарниот српски пејач на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85 години, откако во изминатите недели се лекуваше од последиците на коронавирусот, потврдија од неговото семејство.

    Тој почнал да се занимава со музика уште како десетгодишник, свирајќи на хармониката што ја наследил од татко му, кој бил убиен од Германците во 1941. Првите песни ги објавил во 1965 година, по завршувањето на студиите. Откако сними четири дуети со Силвана Арменулиќ, неговата популарност почна нагло да се зголемува во почетокот на 1970-ите, но и падна во немилост на властите поради контроверзната песна „Јеремија“, поради што привремено замина во Германија.

    Тозовац беше голема телевизиска ѕвезда во бивша Југославија, а познати беа неговите соработки со Предраг Гојковиќ-Цуне, Мирослав Илиќ и Лепа Лукиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира