ПОЧИНА МОДНИОТ БУНТОВНИК, ДИЗАЈНЕРОТ АЗЕДИН АЛАЈА

    ПОЧИНА МОДНИОТ БУНТОВНИК, ДИЗАЈНЕРОТ АЗЕДИН АЛАЈААлаја изгради легенда за дизајнер бунтовник кој работеше против системот и неговите трендови (Фото: Гети)

    Дизајнерот Азедин Алаја, родум од Тунис, моден иконоборец чии наметливи стилови ги дефинираа 1980-тите години и кој облекуваше познати жени од Холивуд до Белата куќа, почина на 77 години. Француската федерација за висока мода денеска ја објави смртта на Алаја без да даде детали.

    Алаја беше нарекуван „крал на наметливоста“ за скулптурните, припиени дизајни што првично ги популаризираше во текот на 1980-тите и ги унапредуваше во текот на децениите. Негови клиенти се разновидни личности, како поранешната прва дама Мишел Обама, Леди Гага, Грејс Џонс и Грета Гарбо.

    Леди Гага беше меѓу разновидните клиенти на Алаја, како поранешната прва дама Мишел Обама, Грејс Џонс и Грета Гарбо (Фото: Гети)

    Таинствен и познат како моден бунтовник, Алаја со децении живееше во Париз, но не учествуваше во сезонските модни недели и немаше блескави рекламни кампањи. Наместо тоа, тој ги претставуваше своите колекции приватно по сопствен распоред.

    Супермоделот Наоми Кембел, која многу години имаше блиски односи со Алаја и го нарекуваше „тате“, му се заблагодари на дизајнерот што ѝ помогнал да ја започне кариерата и се грижел за неа како татко кога го сретнала во Париз на 16 години. Во јули, Кемпбел беше модел на ревијата на Алаја за висока мода во Париз, прва од 2011, и на Инстаграм изјави: „Секогаш е чест да чекорам за вас 1986-2017“.

    Веб-страницата на неговата куќа го опишува како „малиот во вечните кинески пижами“, кој „изгради легенда за дизајнер бунтовник кој работеше против системот и неговите трендови”.

    Повеќе музеи одржаа ретроспективи за делото на Алаја, меѓу кои и Гугенхајм во Њујорк и Пале Галиера во Париз, со изложба во 2013, во која се истакнува неговиот начин на „успорување на времето“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари