ПРЕКИНАТО СЛЕТУВАЊЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО САЛЦБУРГ, ОТКАКО АВИОНОТ ПОТСКОКНУВАЛ НА ПИСТАТА ОД СИЛНИ ВЕТРОВИ

    ПРЕКИНАТО СЛЕТУВАЊЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО САЛЦБУРГ, ОТКАКО АВИОНОТ ПОТСКОКНУВАЛ НА ПИСТАТА ОД СИЛНИ ВЕТРОВИАвионот место да слета во Салцбург, се вратил назад во германскиот град Франкфурт, од каде и полетал.

    Шокантна снимка го покажува моментот кога авион е принуден да го прекине застрашувачкото слетување, откако потскокнуваше на пистата, предизвикано од силни вкрстени ветрови.  Авионот требало да слета на аеродромот во Салцбург во Австрија околу 11,25 часот вчера.

    Снимката покажува дека дека боингот 737 ја намалува висината и дека се бори со силни вкрестени ветрови додека слетува.
    Неколку метри пред да ја допре земјата, десното крило на авионот се навалува надолу. Но, пилотот го прекинува слетувањето и повторно го враќа авионот во воздух, кој потскокнува по пистата пред повторно да лета.

    Авионот место да слета во Салцбург, се вратил назад во германскиот град Франкфурт, од каде и полетал. Според вебстраницата „Авејшн Хералд“ налетот на ветерот го фатил авионот и предизвикал десното крило да се залула.

    „Авионот се врати во Франкфурт, каде слета без понатамошни инциденти, откако 70 минути кружеше наоколу“, се вели на веб страницата „Авиејшн Хералд“.
    Авионот на авиокомпанија од Полска останал приземјен во Франкфурт три часа, пред неговиот лет за Берлин, стои во извештајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира