ПРИВАТНАТА КОЛЕКЦИЈА НА КРИСТО И ЖАН-КЛОД СЕ ПРОДАДЕ ЗА 9.6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ПРИВАТНАТА КОЛЕКЦИЈА НА КРИСТО И ЖАН-КЛОД СЕ ПРОДАДЕ ЗА 9.6 МИЛИОНИ ДОЛАРИКристо и сопругата Жан Клод во нивниот дом во Сохо. (Фото: „Њујорк тајмс“)

    Личната уметничка колекција на американскиот уметник со бугарско потекло Кристо и неговата сопруга Жан-Клод, кои како тандем беа познати по тоа што со ткаенини и пластика обвиткуваа знаменитости, се продаде на аукција за  9.6 милиони долари (8 милиони евра).

    Во збирката од 28 дела кои се продадоа на аукцијата на „Сотбис“ во Париз има и цртежи од проектот „Чадори“. Станува збор за две исклучителни инсталации на уметничката двојка од 1991, кои содржеа илјадници чадори кои симулатно се отворија во Јапонија и во Лос Анџелес.

    Кристо, кој е роден како Христо Владимиров Јавашев во Габрово, постојано работеше со сопругата Жан-Клод, која ја запознал по преселбата во Франција. Таа почина во 2009 година, а тој лани во март.

    Приходот од продажбата, која е поделена на два дела, ќе биде наменет за оставнината на уметниците.

    „Тие не се сметаа себеси за колекционери“, вели Матијас Коденберг, историчар на уметност и близок пријател на двојката. „Тие имаа само дела од уметници што ги познаваа, или им се восхитуваа или беа блиски“, додава тој.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира