ПРИВАТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕУРОЛИНК ЌЕ ПОКРИВА И ПОРОДУВАЊЕ, СТОМАТОЛОГИЈА И ОЧНО

    ПРИВАТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕУРОЛИНК ЌЕ ПОКРИВА И ПОРОДУВАЊЕ, СТОМАТОЛОГИЈА И ОЧНОЕуролинк е прва осигурителна компанија во Македонија која нуди пакет за здравствено осигурување со покривање на кој било тип стоматолошки услуги.

    Преку пакетот за семејно приватно здравствено осигурување, компанијата „Еуролинк осигурување“ на корисниците им нуди покривање на трошоците и за породување, за офталмолошко и стоматолошко лекување во приватни здравствени установи. Во зависност од висината на лимитот и пакетот одбран за користење за овој тип здравствени услуги, доплатата изнесува 2.500 односно 3.125 денари месечно. Корисниците на осигурувањето треба да склучат договор за лојалност на две години за пакетите Комфорт или Премиум.

    „Вршиме директна исплата и на трошоци за стоматолошко лекување над 150 евра кон приватна здравствена установа за стоматологија. Со тоа сме прва осигурителна компанија во Македонија која на клиентите им нуди пакет со покривање на кој било тип стоматолошки услуги, вклучувајќи ги и услугите од естетска и корективна природа“, велат од „Еуролинк осигурување“.

    Пакетот за семејно приватно здравствено осигурување компанијата го воведе на почетокот на оваа година, а со една полиса целото семејство има пристап до здравствена заштита во приватните болници во Македонија и во странство.

    „Достапни се три пакети кои може да ги одберат корисниците за да добијат здравствена заштита, превентивни прегледи, и лекување, во приватните здравствени установи во Македонија и во странство, односно основен, комфорт или премиум пакет, по цена од 1.800, 2.000 и 3.350 денари месечно, соодветно на пакетот. При користењето на здравствените услуги за болничко лекување, лекување малигни болести и трошоци за породување, трошоците кон болницата директно ги плаќаме ние, за што имаме склучено договори со: клиника Жан Митрев, Ремедика, Санте Плус, Аџибадем Систина, Систина Офталмологија“, велат од „Еуролинк осигурување“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари