ПРВИ ПРОБЛЕМИ ПО ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА – СНЕМА МАРИХУАНА ВО НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД КАНАДА

    ПРВИ ПРОБЛЕМИ ПО ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА – СНЕМА МАРИХУАНА ВО НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД КАНАДАЦените за грам марихуана се различни во секоја провинција и се движат од четири до 15 долари (Фото: Ројтерс)

    Откако Канада во средата стана втората држава во светот која целосно ја легализираше марихуаната, некои делови од земјата се соочија со првиот голем предизвик – недоволни количества.

    Муштериите со часови чекаа во редици и некои продавачи ги распродале залихите уште на првиот ден, а недостигот од марихуана продолжи и вториот ден.

    Оние кои купуваа преку интернет се соочија со одложување, бидејќи преголемиот промет се одрази врз страниците. Купувачите беа предупредени дека ќе мора да почекаат до пет дена на своите нарачки, откако за наредната недела е најавен штрајк на вработените во пошта.

    Од друга страна, и заработката е одлична: на првиот ден од слободната продажба, во Нова Скотија, една од најмалите канадски провинции, била купена марихуана во вредност од половина милион долари. Некои се пожалија и на високи цени, кои се движат од четири долари за грам во Квебек до 15 долари во Саскачеван.

    Недостиг од залихи е пријавен во Њуфаундленд, Саскачеван и на арктичката територија Нанават.

    Некои рестрикции сè уште се на сила, па еден возач во Манитоба беше казнет со 672 канадски долари поради дување во своето возило.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира