„РАЈАНЕР“ СО КВИЗ СЕ ПОТСМЕВА НА НОВИТЕ ЕУ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ПОРТУГАЛИЈА

    „РАЈАНЕР“ СО КВИЗ СЕ ПОТСМЕВА НА НОВИТЕ ЕУ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ПОРТУГАЛИЈАПатниците чекаат и по 2,5 часа за да ја поминат пасошката контрола, подолго отколку што летале. (Фото: Икс)

    Инсистирањето на Португалија да го задржи новиот систем за контрола на границите на ЕУ продолжува да ги фрустрира патниците кои ги користат аеродромите во Лисабон и Фаро. Во одредени моменти се создаваат огромни гужви на граничните контроли, па патниците чекаат и по 2,5 часа за да ја поминат пасошката контрола.

    Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ на своите официјални социјални мрежи направи дури и квиз со кој се потсмева со вработените на аеродромот во Лисабон, велејќи дека летовите траат пократко од контролите.

    Дел од прашањата се: „Кој е побавен: желка, полжав или граничната контрола на аеродромот во Лисабон?“, „Што ти треба за да ја поминеш граничната контрола во Лисабон: пасош, пасош и трпение или пасош, трпение, храна, наполнета батерија на телефон и да немаш други планови за тој ден?“, „Колку време е потребно за да се помине граничната контрола во Лисабон: долго, двојно подолго отколку летот или доволно долго за да се научи португалски?“.

    На крајот од квизот, од „Рајанер“ велат дека португалската влада треба да го суспендира новиот систем за влез/излез (ЕЕС) сè до завршувањето на главната летна сезона. Во спротивно, патниците ќе бидат принудени да трпат прекумерно долго чекање во редиците за гранична контрола на португалските аеродроми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира