РИГА ПОСТАВИ СТАТУА ОД 6 МЕТРИ ВО ЧЕСТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА НИЗ СВЕТОТ КОИ СЕ БОРАТ СО КОВИД-19

    РИГА ПОСТАВИ СТАТУА ОД 6 МЕТРИ ВО ЧЕСТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА НИЗ СВЕТОТ КОИ СЕ БОРАТ СО КОВИД-19„Многумина дури сега го сфаќаат значењето на медицинскиот персонал“, рече авторот на статуата, уметникот Аигарс Бикше. (Фото: Си-Ен-Ен)

    Во чест на докторите, медицинските сестри и здравствените работници кои се во првата борбена линија на коронавирусот низ целиот свет, Летонија постави огромна статуа во главниот град Рига. Уметникот Аигарс Бикше ја претстави скулптурата „Медицинските лица за светот“, на свеченост пред Националниот музеј на уметноста на Летонија во Рига.

    Скулптурата е висока речиси 6 метри, а претставува жена облечена во заштитна опрема, маска и ракавици, со стетоскопот закачен околу вратот, розови кломпи и дланките ѝ се подигнати кон небото. Со тоа, уметникот сака да прикаже дека медицинските лица несебично ги примаат сите пациенти заболени од КОВИД-19.

    Бикше изјави дека му биле потребни три месеци за да ја изработи, а дека е инспириран од херојските жртви кои медицинските лица ги прават за да ги спасат пациентите.

    „Гледајќи ги вестите, забележав како медицинските лица се соочуват со проблеми во Италија, како спијат на подовите по болниците, имаат лузни по лицата од долгото носење на маските. Сфатив дека како уметник, како скулптор, мора да кажам нешто. Многумина дури сега го сфаќаат значењето на медицинскиот персонал“, рече уметникот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира