РОНАЛДО ПЛАЌАЛ МИЛИОНИ ЗА ДА НЕ СЕ ДОЗНАЕ КОИ СЕ МАЈКИТЕ НА НЕГОВИТЕ ДЕЦА

    РОНАЛДО ПЛАЌАЛ МИЛИОНИ ЗА ДА НЕ СЕ ДОЗНАЕ КОИ СЕ МАЈКИТЕ НА НЕГОВИТЕ ДЕЦАЈа фали дека е добра мајка. - Кристијано Роналдо со девојка му Хеорхина и со највозрасниот син Кристијано Јуниор (Фото: Гети)

    Кристијано Роналдо е најдобриот светски фудбалер и еден од најпопуларните спортисти на планетата, но, исто така, и горд татко.

    Напаѓачот на европскиот првак Реал Мадрид вчера го доби своето четврто дете, ќеркичката Алана Мартина, што ја роди неговата девојка Хеорхина Родригес.

    Тој ги доби првите три деца од сурогат мајки, чиј идентитет остана непознат за светската јавност.

    Кристијано Роналдо Јуниор е роден на 17 јуни 2010 година во САД, за веднаш потоа да биде доведен во Мадрид, каде што грижата за него ја презеде првенствено баба му Долорес.

    Роналдо има полно старателство врз него и медиумите пишуваа дека неговата мајка добила десет милиони долари за тоа.

    „Луѓето шпекулираа дали сум бил со таа девојка или е во прашање сурогат мајка, но јас никому немам кажано, ниту ќе кажам. Кога Кристијано ќе порасне, ќе му ја кажам вистината, затоа што ја заслужува, затоа што ми е син“, рече Роналдо во шоуто на Џонатан Рос.

    Во јуни годинава, Роналдо стана татко и на близнаците Ева и Матео, избирајќи го истиот метод со сурогат мајка во САД, за која повторно ништо не се дозна.

    Тие се родија на 30 јуни, а неполни три недели подоцна, Роналдо објави дека неговата девојка Хеорхина е трудна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира