САД ПО 70 ГОДИНИ ПРВПАТ ЌЕ ЕГЗЕКУТИРААТ ЖЕНА, ОСУДЕНА ЗА УБИСТВО НА ТРУДНИЦА

    САД ПО 70 ГОДИНИ ПРВПАТ ЌЕ ЕГЗЕКУТИРААТ ЖЕНА, ОСУДЕНА ЗА УБИСТВО НА ТРУДНИЦАСмртната казна ќе се изврши на 8 декември во затворот во Тере Хоут во Индијана (Фото: УПИ)

    Американското министерство за правда ја закажа првата федерална егзекуција на жена по речиси 70 години пауза. Лиза Монтгомери, осудена за убиство од 2004 година, ќе биде усмртена со инјекција на 8 декември во затворот во Тере Хоут, Индијана.

    Последната жена која била егзекутирана од американската влада е Бони Хиди, која почина во гасна комора во Мисури во 1953 година.

    Монтгомери беше осудена на смрт за убиството на 23-годишната Боби Џо Стинет, која во тој момент била во осмиот месец на бременоста. Таа ја задавила Стинет со кабел, по што со нож ѝ го исекла стомакот и го извадила бебето, додека самата лажирала дека е трудна. Бебето Викторија Џо Стинет го преживеа нападот, а по апсењето на Монтгомери наредниот ден, му беше вратено на таткото и денес има 16 години.

    Монтгомери ја запознала Стинет преку интернет, преправајќи се дека сака да купи куче од неа.

    „Монтгомери заслужува да живее бидејќи е ментално болна. Таа одамна ја прифати одговорноста за злосторството и никогаш нема да излезе од затвор“, изјави нејзината адвокатка Кели Хенри.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира