СЕГА СУМ МНОГУ ПОДОБРО, ИЗЈАВИ МИК ЏЕГЕР ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕТО

    СЕГА СУМ МНОГУ ПОДОБРО, ИЗЈАВИ МИК ЏЕГЕР ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕТОСе очекува Џегер да се врати на сцена во јули (Фото: АФП)

    Мик Џегер изјави дека заздравува и дека се чувствува многу подобро, откако беше примен во болница. Според информациите, тој беше подложен на операција на срцев залисток во Њујорк, проблем поради кој „Ролинг стоунс“ ненадејно мораше да ја одложи турнејата во Северна Америка, без да прецизира за што станува збор. 

    Му благодарам на лекарскиот тим за извонредно завршената работа, како и на фановите за поддршката“, напиша Џегер на Твитер.

    Британските рок легенди требаше да ја продолжат својата светска турнеја на 20 април во Мајами, но лекарите го советувале Џегер дека му треба лекарски третман. Неколку американски медиуми објавија дека ќе оди на операција на срцето.

    Групата најави дека ќе ги презакаже сите 17 датуми од турнејата во САД и Канада и се очекува Џегер да се врати на сцена во јули.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари