СЕЛОТО КУРАТИЦА КАЈ ОХРИД НУДИ АВАНТУРИ СО ЈАВАЊЕ МАГАРИЊА И ВОЗЕЊЕ ЧЕТИРИЦИКЛИ

    СЕЛОТО КУРАТИЦА КАЈ ОХРИД НУДИ АВАНТУРИ СО ЈАВАЊЕ МАГАРИЊА И ВОЗЕЊЕ ЧЕТИРИЦИКЛИЖителите на Куратица велат дека за странците е доживување да јават магариња по околните планини (Фото: СДК.МК)

    Селото Куратица, сместено на околу 20 километри од Охрид, е меѓу ретките во охридскиот крај кое развива рурален туризам. На гостите им се нудат авантури како јавање магариња и возење четирицикли. Во селото е култниот етно ресторан „Дедо Димо”, а некои жители нудат апартманско сместување и одмор во селски услови.

    „Годинава се надевавме дека ќе имаме многу гости од земјава и од странство. Претходните лета ги имаше од сите делови на земјава, а дојдоа и странци. За нив беше доживување да јават магариња низ преубавите предeли на Плаќенска Планина. Има што да видат. Сите ветуваа дека повторно ќе се вратат. Сега гости нема, нo, сепак, надежта останува“, вели жител од селото, кој преходните години водеше групи туристи низ планината.

    Еден од промоторите на Куратица како туристичка дестинација е и Горан Ангелоски, кој го води ресторанот „Дедо Димо“ и изнајмува два четирицикла.

    Горан Мицкоски, експерт за туризам од Секторот за туризам и локален економски развој во локалната самоуправа, вели дека руралниот туризам може да биде нова шанса за охридскиот туризам поради можноста гостите да држат дистанца во услови на пандемија на коронавирусот.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари