ШОУ НА „ШАНЕЛ“ ВО СТИЛОТ НА „ТИТАНИК“

    ШОУ НА „ШАНЕЛ“ ВО СТИЛОТ НА „ТИТАНИК“Големиот брод наречен „Ла Пауса“, по вилата на Коко Шанел во Јужна Франција, беше поставен во Големата палата во Париз (Фото: АП)

    Крузер долг 148 метри, со барови, базен и канделабри – беше нешто што славните гости на ревијата на „Шанел“ никогаш не помислувале дека ќе видат на копно во француската престолнина, а камоли во Големата палата.

    Тоа беше декорот за годишната крузерска колекција на „Шанел“ , во која дизајнерот Карл Лагерфелд создаде спектакл достоен за филмот на Џејмс Камерон, „Титаник“.

    Манекенката Лили Роуз Деп, ќерка на Џони Деп и на Ванеса Паради (Фото: АП)

    Во шоуто се виде дека 84-годишниот креатор продолжува да им пркоси на очекувањата за трошење на многу пари на модни ревии, откако за претходните ревии беа создадени нова Ајфелова кула, вселенска ракета, супермаркет и шума.

    „Неверојатно е, но не ме изненадува. Ова е генијалноста и имагинацијата на Карл “, вели манекенката Лили Роуз Деп, ќерка на Џони Деп и на Ванеса Паради.

    Два месеци беа потребни за да се изгради бродот, со надворешен дел од иверица и труп од челик. Големиот брод наречен „Ла Пауса“, по вилата на Коко Шанел во Јужна Франција, беше оживеан со осветлување кое ги имитираше океанските бранови и звукот на морските галеби.

    Стилови од шеесеттите години беа клучен елемент во релаксираната колекција од 87 парчиња (Фото: АП)

    Крузерските колекции, првично беа лансирани од само неколку модни куќи во светот, наменети за богатите жени кои одат на крстосувања среде зима. Денес, тие се користат како профитабилен начин за будење на модниот свет во полузаспаната сезона.

    Мотивот на колекцијата се базираше на дизајните насликани на американските и британските воени бродови од Првата светска војна.

    Стилови од шеесеттите години исто така беа клучен елемент во релаксираната колекција од 87 парчиња. Имаше бели беретки, секси кратки блузи,  долги бели џемпери, чевли со еден ремен во сребрена и бела боја.

    Холивудската актерка Кристин Стјуарт на ревијата во Париз, пред да замине за Кан, каде ќе биде член на жирито за претстојниот филмски фестивал (Фото: АП)

    Австралиската актерка Марго Роби која неодамна беше именувана како амбасадор на брендот „Шанел”, беше меѓу ѕвездите на ревијата, како и Кристин Стјуарт и Реиф Фајнс.

    По шоуто, ВИП гостите продолжија на забава во бродот и го прекрстија во „Шампањ“.

    Карл Лагерфелд со манекенките на крајот на ревијата (Фото: Гети)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира