ШПАНСКИОТ СУД ЈА ПОНИШТИ КАЗНАТА ЗА МАЖОТ КОЈ ГОЛ ШЕТА ПО УЛИЦИ

    ШПАНСКИОТ СУД ЈА ПОНИШТИ КАЗНАТА ЗА МАЖОТ КОЈ ГОЛ ШЕТА ПО УЛИЦИНа неговото судење Шпанецот тврдеше дека казните го повредуваат неговото право на идеолошка слобода. (Фото: ЕФЕ)

    Шпанскиот регионален виш суд пресуди во корист на маж кој беше казнет затоа што шетал гол низ улиците на еден град во регионот на Валенсија, а подоцна се обидел гол да присуствува на судско рочиште. Во соопштението, вишиот суд рече дека ја отфрлил жалбата против првостепената одлука за поништување на казните изречени на човекот затоа што бил гол на улиците на Алдаја, град во предградието на регионалниот главен град.

    Судот, сепак, го призна „правниот вакуум“ во шпанскиот закон во врска со јавната голотија.

    Алехандро Коломар (29) беше снимен како пристигнува на суд облечен само во еден пар планинарски чизми пред да му наредат да облече повеќе облека за да влезе во зградата. На неговото судење, тој тврдеше дека казните го повредуваат неговото право на идеолошка слобода. Тој изјави дека почнал да се соблекува во јавност во 2020 и дека добил повеќе поддршка отколку навреди кога шетал гол, иако еднаш му се заканувале со нож.

    „Казната нема никаква смисла“, рече тој. „Ме обвинија за непристоен егзибиционизам. Според речникот кој имплицира сексуална намера и (тоа) нема никаква врска со она што го правев“.

    Јавната голотија е легална во Шпанија од 1988. Секој може да оди гол по улица без да биде уапсен, но некои региони како Ваљадолид и Барселона воведоа свои закони за регулирање на нудизмот, особено подалеку од плажа. Судот истакна дека Алдаја нема закон кој го забранува нудизмот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира