СИНГАПУР ГО ИМА НАЈСИЛНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТ

    СИНГАПУР ГО ИМА НАЈСИЛНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТСингапурскиот пасош стана најсилен на светот, откако неодамна Парагвај ги укина визите за граѓаните од држава. (Фото: Гети)

    Кога станува збор за глобално патување не сите пасоши се направени еднакво. Но кој е најдобар? Според индексот за пасоши, таа чест му припаѓа на Сингапур, благодарение на неодамнешната одлука на Парагвај да ја укине визата за жителите на овој азиски град држава.

    Создаден од советодавната фирма за меѓународен престој и државјанство „Аритон капитал“, индексот на пасоши е бесплатна онлајн интерактивна алатка која ги сортира и рангира пасошите во светот според нивната можност за слободно минување граници.

    Сопствениците на сингапурски пасош сега лесно можат да посетат 159 земји, дали без виза или со добивање виза при пристигнувањето.

    Пред да ја донесе Парагвај оваа одлука за остранување на визните рестрикции, Сингапур го делеше местото на индексот со Германија, со чиј пасош може лесно да се влезе во 158 земји.

    За прв пат азиска земја има најсилен пасош во светот, рече Филип Меј, управен директор на сингапурската канцеларија на „Артон капитал’.

    „Сингапур константно ја зголемуваше јачината на пасошот, отакако стана независна држава во 1965 година. Ова се должи на паметна и далекусежна надворешна политика, извонредна дипломатија, и сметајќи ја глобализацијата како можност. За разлика од земјите членки на Шенген, Сингапур самостојно одлучува кои земји ќе имаат безвизен пристап“, рече Меј.

    Сингапур не е затворен во одредена патничка зона, како на пример со останатите земји од АСЕАН, и никогаш не морал да наметнува визи на странци само затоа што останатите членки на АСЕАН вовеле визи.

    Меѓу останатите азиски пасоши во првите 20 се оние од Јужна Кореја, Јапонија и Малезија.

    Во меѓувреме јачината на американскиот пасош опадна, откако претседател на САД стана Доналд Трамп, велат од индекс на пасошите, а Турција и Централно Африканската Република повторно воведоа визи за лицата со американски пасоши.

    Најново рангирање на индекс на пасошите:
    1. Сингапур: 159
    2. Германија: 158
    3. Шведска, Јужна Кореја: 157
    4. Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Јапонија, Обединетото Кралство: 156
    5. Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија, Португалија: 155
    6. Малезија, Ирска, Канада, САД: 154
    7. Австралија, Грција, Нов Зеланд: 153
    8. Малта, Чешка, Исланд: 152
    9. Унгарија: 150
    10. Словенија, Словачка, Полска, Литванија, Латвија: 149

    На последно место според индексот на пасоши се: Авганистан со 22 поени, потоа Пакистан и Ирак со 26, Сирија со 29 и Сомалија со 34.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира