СКОПЈАНКИ СЕ СОБЛЕКОА ПРОТИВ ПРЕДРАСУДИ ЗА ТЕЛОТО

    СКОПЈАНКИ СЕ СОБЛЕКОА ПРОТИВ ПРЕДРАСУДИ ЗА ТЕЛОТО„Мисијата на модната парада која за прв пат се одржа во Скопје е да се убедат жените и мажите да ги соблечат сите видови на предрасуди“, велат организаторите.(Фото: Ѓ.Личовски)

    На Плоштадот Македонија денеска се одржа модна ревија на костими за капење под слоганот „Горда што сум своја“.

    Дваесетина девојки и жени без разлика на својата големина, висина, боја на кожа прошетаа покрај споменикот на Александар Македонски со цел да се упати порака против дискриминацијата.

    „Мисијата на модната парада која за прв пат се одржа во Скопје е да се убедат жените и мажите да ги соблечат сите видови на предрасуди“, велат организаторите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари