СКОПСКО ОДБЕЛЕЖУВА 95-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ СО НОВА КОМУНИКАЦИСКА ПЛАТФОРМА

    СКОПСКО ОДБЕЛЕЖУВА 95-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ СО НОВА КОМУНИКАЦИСКА ПЛАТФОРМА

    Пивара Скопје започнува со одбележувањето на 95- годишнината на носечкиот бренд во своето пивско портфолио – Скопско, со нова комуникациска платформа. Како што соопштија од компанијата, со платформата, Скопско потсетува на својата автентична вредност која ја поседува уште од 1924 година, да биде еден вид специјална нитка која ги поврзува луѓето.

    „Скопско поседува особина да им помага на луѓето полесно да ги надминат разликите, да го пронајдат она што ги спојува и да креираат заеднички моменти на среќа и радост. Сметавме дека 95-годишнината е одлична можност одново да го истакнеме ваквиот уникатен карактер на Скопско и неговата моќ да го поттикне заедништвото и да ги потсети луѓето на најдоброто што го нуди животот“, вели Надица Николоска, бренд-менаџерка во Пивара Скопје.

    Носечки елемент на новата комуникациска платформа е видео спотот кој ја пренесува пораката за Скопско како социјално врзивно ткиво кое продолжува да повикува на заедништво. Видео спотот го илустрира Скопско како извор на инспирација на многу генерации, поттикнувач на оптимизмот и креатор на заеднички доживувања што го слават животот.

    „Да се создаде и развие идентитет на производ како Скопско и тој да израсне до ниво на бренд-икона неопходни се обемни и континуирани вложувања во најсовремена технологија, како и големо знаење, вештини, креативност и многу љубов на генерации луѓе во Пивара Скопје кои со децении посветено работат да го одржат високиот и постојан квалитет, уникатен вкус, изглед и свежина на Скопско. Истовремено, одржувањето на лидерската позиција, покрај почитување на традицијата, се темели и на постојани иновации во согласност со глобалните трендови и вкусовите на потрошувачите. На овој начин СКОПСКО успева да ја одржи високата доверба што ја има кај потрошувачите и во заедницата“, вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира