СЛИКАТА „СОНЧОГЛЕДИ“ НА ВАН ГОГ ВЕЌЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОМЕСТУВА ОД АМСТЕРДАМ

    СЛИКАТА „СОНЧОГЛЕДИ“ НА ВАН ГОГ ВЕЌЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОМЕСТУВА ОД АМСТЕРДАМ „Основата и слоевите на боите се чувствителни на вибрации и промени на влажноста и температурата во воздухот. Затоа е исклучително важно за сликата да да биде поставена во стабилна средина “, вели директорот на Музејот Ван Гог, Аксел Ругер (Фото: Ројтерс )

    Стара 130 години, сликата „Сончогледи“, едно од најпознатите дела на Винсент ван Гог, стана премногу чувствителна за да оди на светски изложби и засекогаш ќе мора да остане дома, во Амстердам. Ова е една од клучните одлуки на експерите, по шестнеделната мини реставрација на сликата, насликана од холандскиот мајстор во јужна Франција во 1889.

    „Основата и слоевите на боите се стабилни, но се чувствителни на вибрации и промени на влажноста и температурата во воздухот. Затоа е исклучително важно за сликата да се поместува што е можно помалку и да биде поставена во стабилна средина “, изјави директорот на Музејот Ван Гог Аксел Ругер.

    За време на реставрацијата, експертите откриле точно кои материјали ги користел Ван Гог, вклучувајќи го точниот вид материјал од што било изработено платното. Тие велат дека сега се повеќе уверени дека Ван Гог го насликал делото во јануари 1889, на првична верзија на „Сончогледи“ која била нацртана летото 1888, а која денес е изложена во Националната галерија во Лондон.

    „Сончогледите“ ќе биде повторно изложена во Музејот Ван Гог на 22 февруари под ново, понежно осветлување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира