СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ НА ПРИЕМ ВО ЊУЈОРК КАЈ ПРВАТА ДАМA НА ТУРЦИЈА ЕМИНЕ ЕРДОГАН

    СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ НА ПРИЕМ ВО ЊУЈОРК КАЈ ПРВАТА ДАМA НА ТУРЦИЈА ЕМИНЕ ЕРДОГАНЕлена Ковачевска во Њујорк присуствуваше на прием во рамките на промоција на иницијативата “Нула отпад”. (Фото: СДК.МК)

    Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена во Њујорк присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган во рамките на промоција на иницијативата “Нула отпад”, соопштија од Кабинетот на премиерот.

    Ова е прво протоколарно појавување во јавноста на сопругата на премиерот. Таа го придружува Ковачевски на Генералното собрание на Обединетите нации.

    Фотографии од приемот се споделени и на инстаграм профилот на Емине Ердоган која ја тера иницијативата „Нула отпад“. На приемот се и сопругите на лидерите на  Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Франција и Литванија.

    Иницијативата на  Емине Ердоган „Нула отпад“ има за цел да се подигне свеста за потребата од целосно елиминирање на отпадот, заштита на животната средина со цел да се остави свет со чиста животна средина за идните генерации.

    Ковачевска беше на приемот заедно со првите дами на Франција, Латвија, Јужна Кореја, Естонија и Литванија. (Фото: СДК.МК)

    Ковачевска носеше фустан креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира