ТАТКОВЦИ СО ЌЕРКИ ТАЈНО ВЕЖБАЛЕ ТАНЦ ВО ГРАДИНКА ЗА ДА ГИ ИЗНЕНАДАТ МАЈКИТЕ НА 8 МАРТ

    ТАТКОВЦИ СО ЌЕРКИ ТАЈНО ВЕЖБАЛЕ ТАНЦ ВО ГРАДИНКА ЗА ДА ГИ ИЗНЕНАДАТ МАЈКИТЕ НА 8 МАРТВидеото со танцот стана хит и на социјалните мрежи (Фото: Фејсбук)

    Татковци со ќерки на предшколска возраст скришно подготвија танц по повод 8 Март и го изведоа на приредбата во градинакта „Пролет“ во Битола.

    Девојчињата од групата „Срцки“ на возраст од четири и пет години заиграа заедно со татковците и ги освоија срцата на сите присутни на приредбата, но и на оние кои го погледнаа видеото кое се споделува на социјалните мрежи.

    Од градинката велат дека татковците изминатата недела вежбале со ќерките, без да знаат мајките, кои се прашувале зошто толку долго заедно се задржуваат. За да биде танцот изненадување, татковците и ќерките рекле дека изработуваат честитки, а децата успеале да ја сочуваат тајната до одржувањето на приредбата.

    Идејата за овој заеднички танц е на тимот во градинката „Пролет“, Анета Атанасовска – воспитувачка, Елисавета Пауновска – негувателка и Снежана Ивановска – професор по музичко.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари