„ТИНДЕР“ И ДРУГИ АПЛИКАЦИИ ЗА СПОЈУВАЊЕ ЌЕ ИМ ДАДАТ ПОВОЛНОСТИ НА ВАКЦИНИРАНИТЕ КОРИСНИЦИ

    „ТИНДЕР“ И ДРУГИ АПЛИКАЦИИ ЗА СПОЈУВАЊЕ ЌЕ ИМ ДАДАТ ПОВОЛНОСТИ НА ВАКЦИНИРАНИТЕ КОРИСНИЦИБританска анкета покажа дека две третини од возрасните преферираат да излегуваат со вакцинирана личност (Фото: Гети)

    „Тиндер“, „Хинџ“, „Бамбл“ и други апликации за спојување ќе им овозможат на британските корисници да покажат дали се вакцинирале против ковид-19, а оние кои го направиле тоа, ќе добијат и поволности. Платформите се здружија со британската влада со цел да се охрабрат младите луѓе да се вакцинираат.

    Ова следува откако една британска анкета покажа дека речиси две третини од возрасните преферираат да излегуваат со вакцинирана личност, односно би одбиле да излегуваат со некој што не е вакциниран.

    Апликациите за спојување почнаа ваква кампања во САД минатиот месец.

    „Важен дел од враќањето во нормала е да им се помогне на луѓето да се чувствуваат безбедно кога стапуваат со некого во контакт. Здружен притисок во насока на помасовно вакцинирање ќе им овозможи на луѓето повторно да се среќаваат во живо и да се поврзуваат“, изјави Александр Лубот, извршниот директор на „Меч груп“, во чија сопственост се повеќето од овие апликации.

    Приходите на „Тиндер“ пораснаа за 18% од почетокот на пандемијата, додека вредноста на акциите на „Бамбл“ двојно се зголеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира