ТРАМП Ѝ ПРЕДЛОЖИЛ НА ШПАНИЈА ДА ИЗГРАДИ ЅИД ВО САХАРА ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД МИГРАНТИ

    ТРАМП Ѝ ПРЕДЛОЖИЛ НА ШПАНИЈА ДА ИЗГРАДИ ЅИД ВО САХАРА ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД МИГРАНТИШпанија има две мали енклави на северноафриканскиот брег преку кои мигрантите се обидуваат да стигнат до Европа (Фото: АФП)

    Доналд Трамп ѝ предложил на Шпанија да изгради ѕид во Сахара, како решение за мигрантската криза во Европа, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Хосеп Борели.

    Тој додаде дека не се согласил со оваа стратегија.

    Трамп го дал овој предлог при посетата на Борели на САД во јуни, објави весникот „Ел Паис“.

    Изградбата на ѕид на американско-мексиканската граница беше едно од најконтроверзните предизборни ветувања на Трамп во 2016 година.

    „Границата во Сахара не може да биде поголема од нашата граница со Мексико“, наводно му рекол Трамп на Борели.

    Американско-мексиканската граница е долга 3.145 километри, додека пустината Сахара се протега на 4.800 километри. Шпанија нема суверенитет над Сахара, но поседува две мали енклави на северноафриканскиот брег, кои се одделени од Мароко со жичени огради. Тие станаа магнет за африкански мигранти кои сакаат да стигнат до Европа. Само од јануари годинава, во Шпанија пристигнале 35.000 нови мигранти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира