Сигурно не би очекувале да ги видите заедно Доналд Трамп и Владимир Путин заедно во трговски центар, и тоа во Бугарија.
Восочните фигури на американскиот и на рускиот претседател се дел од поставката на познатиот Ретро музеј од црноморскиот град Варна.
На сопственикот на музејот Цветан Иванов му требале речиси шест месеци да ја направи фигурата на Трамп, особено поради карактеристичната фигура.
Фигурата на Путин е помала и го покажува рускиот претседател со стисната тупаница.
„Откако пред осум месеци го направивме Путин во реална големина, си рековме дека е логично во нашиот музеј да го поканиме и Трамп“, изјави Атанасов за АП.
„Се надевам дека наскоро двајцата и навистина ќе се сретнат бидејќи нашите животи многу зависат од лидерите на воените супесрили“, изјави за АП сопственикот на восочните Трамп и Путин.