ТРЕНИРАНИ КУЧИЊА ПРЕКУ МИРИС ГО ОТКРИВААТ КОРОНАВИРУСОТ КАЈ ПАТНИЦИТЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО ХЕЛСИНКИ

    ТРЕНИРАНИ КУЧИЊА ПРЕКУ МИРИС ГО ОТКРИВААТ КОРОНАВИРУСОТ КАЈ ПАТНИЦИТЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО ХЕЛСИНКИПатниците во кои кучињата се сомневаат дека се носители на вирусот се советуваат да дадат и брис (Фото: Ројтерс)

    Кучиња тренирани да го детектираат коронавирусот почнаа да душкаат патници на аеродромот во Хелсинки, во пилот проект кој се одвива паралелно со вообичаеното тестирање.

    Ефикасноста на кучињата досега не е докажана во компаративни научни истражувања, па патниците во кои тие се сомневаат дека се носители на вирусот се советуваат да дадат и брис за да се потврди резултатот.

    Тим од 15 кучиња и 10 инструктори беше трениран од волонтери, спонзорирани од приватна ветеринарска клиника. Меѓу нив е и Коси, спасувачко куче од Шпанија, кое порано работело на откривање рак кај луѓе.

    „Она што го видовме во нашето истражување е дека кучињата можат да ја откријат болеста пет дена пред пациентите да добијат клинички симптоми. Тие се многу добри во тоа, блиску сме до постигнување стопроцентна чувствителност“, изјави Ана Хајлм-Бјеркман, професорка на Универзитетот во Хелсинки, која се специјализираше за клинички истражувања на животни-придружници.

    Од аеродромот велат дека кучињата се способни да го идентификуваат коронавирусот од многу помал молекуларен примерок од ПЦР тестовите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира