ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ СВИРКАТЕ И НАВИВАТЕ, САМО РАКОПЛЕСКАЈТЕ – ВИЕНСКАТА ОПЕРА СО АПЕЛ ДО ПУБЛИКАТА ЈА ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНА

    ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ СВИРКАТЕ И НАВИВАТЕ, САМО РАКОПЛЕСКАЈТЕ – ВИЕНСКАТА ОПЕРА СО АПЕЛ ДО ПУБЛИКАТА ЈА ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНАВо протоколот е наведено дека ќе се намали бројот на седишта од 2.300 на 1.300, а во текот на месецов сите уметници и персоналот ќе бидат тестирани на ковид-19. (Фото: Виенска опера)

    Престижната Виенска опера денес ја почнува новата сезона со премиера на „Мадам Батерфлај“ од Пучини, со строги заштитни правила, шест месеци откако беше затворена поради пандемијата на ковид-19. Заштитните маски се задолжителни пред и после претставата, а се препорачува да се носат за време на изведбата.

    „Ве молиме да го искажете своето воодушевување преку раскоплескање, што е можно посилно, наместо да свиркате во знак на радост или да навивате“, стои во апелот на Државната опера до публиката, за да се намали распрскувањето на заразни капки или аеросоли.

    „Не грижете се, нема да има полиција за викање ‘браво’“, се пошегува на прес-конференцијата новиот директор Богдан Рошќиќ.

    Во протоколот е наведено дека ќе се намали бројот на седишта од 2.300 на 1.300, а во текот на месецов сите уметници и персоналот ќе бидат тестирани на ковид-19, што ќе чини 330 илјади евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира