ВЕЌЕ ТРИ МЕСЕЦИ НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КИНЕСКИ АКТЕРКИ ФАН БИНГБИНГ

    ВЕЌЕ ТРИ МЕСЕЦИ НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КИНЕСКИ АКТЕРКИ ФАН БИНГБИНГЕдна од најбогатите и најславни уметници во Кина, Фан Бингбинг се најде на удар на властите поради скапи рекламни договори (Фото: АП)

    Речиси три месеци, нема ни трага ни глас од Фан Бингбинг, една од најпознатите кинески актерки, која со улогата во „Екс-Мен“ почна да гради име и во Холивуд.

    Нејзиното мистериозно исчезнување ја интригира кинеската јавност и доаѓа по обвинувањата за даночна измама и за можни други прекршоци, поради кои можеби дошла на лош глас кај властите.

    Фан (37) беше ѕвезда на десетици филмови и серии во Кина, а глобално е најпозната по улогата на Блинк во „Екс-Мен: денови на идно минато“ и следниот проект во Холивуд требаше да ѝ биде „355“ со Пенелопе Круз.

    Една од најбогатите уметници во Кина, Фан заработи десетици милиони долари во кариерата, како и значителна сума пари од рекламни договори и поради некои од нив се најде на удар на властите.

    Канцеларијата на нејзината менаџерска агенција во Пекинг е заклучена и еден од вработените вели дека не сеќава кога последен пат видел некого внатре.

    Така славна актерка, а никој не знае каде е. Дури и властите не се огласија. Ова е многу возбудливо“, вели популарната колумнистка Ши Шуси.

    Фан исчезна во периодот кога кинеските власти се обидуваат да ги зауздаат високите плати на актерите, на кои отпаѓа голем дел од продукциските трошоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира