Огромна статуа на Богородица беше осветена во Полска, за време на денешната свечена црковна служба, со што стана најголемата статуа на мајката на Исус во Европа, со височина од повеќе од 55 метри. Споменикот се наоѓа во селото Конотопје, во близина на Торун, на околу 190 километри северозападно од Варшава.
Статуата е висока 40,6 метри, додека нејзиниот постамент во форма на круна е висок 15 метри.
Споменикот го финансирал приватен донатор, 75-годишниот бизнисмен Роман Каркосик, еден од најбогатите луѓе во земјата. Каркосик го стекнал своето богатство во индустријата за производство на автомобилски делови, а исто така е еден од најпознатите полски инвеститори на берзата.
Мултимилионерот за „Фајненшл тајмс“ изјави само дека ја изградил статуата „од благодарност кон света Марија“. Полскиот архитектонски портал „Архитектура муратор“ ги проценил трошоците за изградба на 23 милиони евра
Статуата е направена по примерот на познатата Статуа на Исус Христос во Рио де Жанеиро, Бразил, и е висока 36 метри, заедно со круната. Проектот бил финансиран со донации.



