ВРАБОТЕН ВО ТВИТЕР НА 11 МИНУТИ ГО ИЗГАСНАЛ ПРОФИЛОТ НА ТРАМП

    ВРАБОТЕН ВО ТВИТЕР НА 11 МИНУТИ ГО ИЗГАСНАЛ ПРОФИЛОТ НА ТРАМППрофилот бил деактивиран од вработен, на кого тоа му бил последен ден во фирмата

    Профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер бил деактивиран од еден од вработените, непосредно пред тој да си замине од фирмата.

    Компанијата објави дека профилот бил затворен на 11 минути, пред повторно да биде активиран.

    „Утврдивме дека тоа било направено од еден наш работник, и тоа на неговиот последен ден во фирмата. Продолжуваме со истрагата и преземаме чекори вакви работи да не се повторат во иднина“, објави Твитер преку твит.

    Претставниците на компанијата не сакаа да дадат дополнителни коментари, а со свој став не се огласи ни Белата куќа.

    Трамп е најактивниот американски претседател на социјалните мрежи досега и преку Твитер си ја водеше изборната кампања и редовно ги напаѓа своите противници, често и со некоректен речник. Тој има 41,7 следбеници на Твитер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира