ЖУРКА СО ПЕТАР ГРАШО, БРИТАНСКИ БЕНД И ТАНЧАРКИ ЗА 15. РОДЕНДЕН НА ВИНАРИЈА КАМНИК

    ЖУРКА СО ПЕТАР ГРАШО, БРИТАНСКИ БЕНД И ТАНЧАРКИ ЗА 15. РОДЕНДЕН НА ВИНАРИЈА КАМНИКЅвезди на вечерта беа вокалите од групата „Амбасадор“, прогласена за најдобра група за забава во Велика Британија во 2018 (Фото: Камник)

    Роденденска журка за околу 1.000 гости организираше  во петокот вечер винаријата „Камник“ одбележувајќи 15 годишнина од основањето. Целовечерната забава беше организирана пред замокот Камник во лозјата над Синѓелиќ над Скопје. Мини концерти имаа хрватските ѕвезди Фрањо Ласиќ и Петар Грашо, а потоа журката продолжи со англиската група „Амбасадор“ која во 2018 година била прогласена за најдобар „парти“ бенд во Велика Британија. Во паузите со перформанс на сцената настапуваа танчарки од Белорусија, а на фасадата се менуваа светлосни ефекти преку кои беше раскажана приказната за вината на „Камник“. Журката заврши в зори со настап на македонскиот диџеј Бранчес.

    „Успеавме да покажеме дека македонските вина имаат квалитет“, Илија Малинковски, сопственикот на винаријата, со синот Иво и сопругата Искра – (Фото: СДК.МК)

    Винаријата „Камник“ пред 15 години започна со производство на 10.000 литри вино. Годинава, планираната количина е 210.000 литри. Произведува 25 видови вина од различни сорти грозје со користење модерна технологија, но зачувувајќи ги традиционалните принципи. Овие вина печатот на винарија „Камник“ го носат на најпрестижните вински пазари, во повеќе од 30 земји и во ресторани со 1, 2 и 3 Мишелин ѕвезди, како Хајд во Лондон, рестораните на Ален Дукас во Париз, во престижниот и најголем светски културен центар посветен на виното, музејот Ла Сит ду Вин, во Бордо.

    Сопственикот на винаријата Илија Малинковски е горд затоа што „успеавме да покажеме дека македонските вина имаат квалитет“.

    „Оваа работа бара да имате постојано фокус на развивање нови вина, на иновации. Креираме вина со дистинктивен карактер. По тоа и сме препознатливи. Како винарија правиме многу за едукација за винската индустрија, бидејќи новите генерации сакаат да научат како да препознаат добро вино. Оваа приказна се развива како една желба која прерасна во симбол за квалитет што е само доказ дека сме успеале во нашата намера“, изјави Илија Малинковски, сопственик на винаријата Камник.

    Високиот квалитет на вината Камник, ексклузивноста и богатството на вкусот е потврден со бројните награди на регионално и глобално ниво.

    Целовечерната забава беше организирана пред замокот Камник во лозјата над Синѓелиќ над Скопје (Фото: Камник)

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари