ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА „КРАДЦИ“ НА ЈАПОНЕЦОТ ХИРОКАЗУ КОРЕ- ЕДА

    ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА  „КРАДЦИ“ НА ЈАПОНЕЦОТ ХИРОКАЗУ КОРЕ- ЕДАJапонскиот режисер Хироказу Коре- Еда ја доби Златната палма од Кејт Бланшет, која беше претседателка на жирито (Фото: Ројтерс)

    Филмот „Крадци“ на јапонскиот режисер Хироказу Коре- Еда ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал кој завршува вечерва. Филмот е нежен портрет на сиромашно семејство.

    Режисерот ја прифати наградата на јапонски јазик и ја посвети на целиот тим вклучен во филмот.

    Надин Лабаки ја освои наградата од жирито, а пак Спајк Ли освои Гран при за „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“.

    Полскиот режисер Павел Павликовски ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Студена војна“, Марчело Фонте за најдобар актер во филмот „Догман“, а Самал Јисламова за најдобра актерка во „Ајка“.

    За наградите одлучи жирито во состав : австралиската актерка, која беше и претседателка,  Кејт Бланшет, актерките Кристин Стјуарт и Леа Сејду, американската писателка и режисерка Ејва ДуВернеј , пејачката и композиторка Каџа Нин од Бурунди, кинескиот актер Чанг Чен, канадскиот режисер Денис Вилнев, францускиот писател Роберт Гудигијан и рускиот режисер Андреј Звјагинцев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира