1.000 ДЕЛЕГАТИ ОД 76 ЗЕМЈИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ, ДОАЃА И БЛИНКЕН, ЗА ЛАВРОВ ОВА ЌЕ БИДЕ ПРВА ПОСЕТА НА ЧЛЕНКА НА НАТО ОД ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА

    1.000 ДЕЛЕГАТИ ОД 76 ЗЕМЈИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ, ДОАЃА И БЛИНКЕН, ЗА ЛАВРОВ ОВА ЌЕ БИДЕ ПРВА ПОСЕТА НА ЧЛЕНКА НА НАТО ОД ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНАОсмани и Блинкен на првата заедничка фотографија на учесниците пред почетокот на Самитот, Лавров не пристигна за фотографирањето. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Околу 1.000 делегати од 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на ОБСЕ доаѓаат денеска во Скопје за 30. Министерски совет на организацијата. Македонија годинава е претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

    На министерскиот состанок ќе се разговара за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува, а се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта. Треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

    Предвидени се и два пропратни настани: Потпишување на заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација по кој ќе следи и адресирање на влијанието на климатските промени врз човековата безбедност во областа на ОБСЕ.

    Британскот министер за надворешни работи Дејвид Камерон на фотографиарњето за заедничката фотографија. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Состанокот ќе го одбележи присуството на првите дипломати на САД и Русија, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, што го прави еден од ретките настани на кој ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на војната во Украина.

    Блинкен пристигнува во Скопје попладнево и учеството на самитот на ОБСЕ ќе го почне со средба со македонскиот колега Бујар Османи, а по средбата со Османи, американскиот државен секретар ќе учествува на неформална вечера која му претходи на утрешниот Министерски совет.

    Во Скопје се очекува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, што ќе биде негова прва посета на членка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

    Портпаролката на руското МНР Марија Захарова денеска кажа дека голем број земји доставиле барање за билатерална средба со Лавров на маргините на самитот на ОБСЕ во Скопје.

    „Можам да потврдам дека има многу барања за билатерални средби. Исто така, ќе има и мултилатерални средби“, кажа таа на денешниот брифинг во Москва.

    По потврденото присуството на Лавров, самитот на ОБСЕ решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина, Естонија, Летонија и Литванија.

    Официјално, Министерскиот совет почнува утре во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во 10 часот, а воведен говор ќе одржи премиерот Димитар Ковачевски.

    Поради одржувањето на министерскиот состанок, утре е неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, како и за основните и средните училишта на подрачјето на главниот град. Воедно, дел од сообраќајниците низ градот низ кои ќе минуваат странските делегации ќе бидат затворени за сообраќај.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира