172 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 САМО МИНАТАТА НЕДЕЛА, 35 % ПОВЕЌЕ ОД ПРЕТХОДНАТА

    172 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 САМО МИНАТАТА НЕДЕЛА, 35 % ПОВЕЌЕ ОД ПРЕТХОДНАТАБројот на починати од ковид-19 е зголемен за 35 проценти. Починатите се од 23 града низ Македонија - Гробиштата во Охрид каде што поради зголемената смртност некои погреби се одложуваат за еден ден (Фото: СДК.МК)

    Во периодот од 9 до 15 ноември во земјава се пријавени 172 смртни случаи како последица на компликации од ковид-19. Тоа е е зголемување од 35,4% во однос на минатата недела, стои во неделниот извештај на Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1%.

    Од 9 до 15 ноември тестирани се 20.980 материјали во лабораториите, со зголемување од 6,4% во однос на минатата недела. Регистрирани се 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, како што вели ИЈЗ, со незначително зголемување во однос на минатата недела, кога беа регистрирани 7.280 нови случаи.

    Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (3.305; 44,9%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 35%, намалување за 2% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.646, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (1.496; 20,3%), 40-49 (1.435; 19,5%), 50-59 (1.410; 19,2%) и 20-29 (961; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (120; 1,6%) и 10-19 години (287; 3,9%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7%) лица од машки и 3.624 (49,3%) од женски пол.

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11.6% повеќе од минатата недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира