ПРВИТЕ 5.850 ВАКЦИНИ ОД „ФАЈЗЕР“ ЌЕ СТИГНАТ ВО ФЕВРУАРИ, А 400.000 ДО КРАЈ НА ГОДИНАВА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ПРВИТЕ 5.850 ВАКЦИНИ ОД „ФАЈЗЕР“ ЌЕ СТИГНАТ ВО ФЕВРУАРИ, А 400.000 ДО КРАЈ НА ГОДИНАВА, КАЖА ФИЛИПЧЕПрвите 5.850 дози вакцини ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април. (Фото: Ројтерс)

    Македонија во февруари ќе добие вакцини пртоив ковид-19 за 2.925 граѓани од првата пратка на „Фазјер“ со 5.850 вакцини, соопшти Министерството за здравство. Земјава вкупно ќе добие 800.000 вакцини против ковид-19, од произведителот „Фајзер“.

    „Министерот за здравство Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, вели Министерството.

    Вакцината на „ Фајзер-Бионтек“ се чува во фрижидери на -70 Целзиуосови степени, а истите во нашата земја ќе пристигнат месецов.

    Во врска со планот за тоа по кој редослед ќе се вакцинираат граѓаните во нашата држава, портпаролите на Владата на прес-конференцијата на 23 декември кажаа дека штом биде достапна вакцината во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа. Потоа, ќе се вакцинираат премиерот Зоран Заев и политичарите.

    Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА, прва ја одобрија вакцината на „Фајзер“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира