И НАТО ОЧЕКУВА ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА ОТИ СЕ СОБРАНИ ДОВОЛНО ПРАТЕНИЧКИ ПОТПИСИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Брисел,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И НАТО ОЧЕКУВА ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА ОТИ СЕ СОБРАНИ ДОВОЛНО ПРАТЕНИЧКИ ПОТПИСИ

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пишана изјава денес соопшти дека очекува Претседателот Иванов да го даде мандатот за влада.

    „По еден обид да се формира влада, а во согласност со барањата утврдени од Претседателот, сега се собрани доволно потписи од пратениците. Очекувам властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес, вели Столтенберг по повод политичките случувања во Македонија.

    Тој ги повикува сите страни на воздржаност во изјавите и дејствијата и да донесуваат одлуки во корист на граѓаните.

    „На самитот во Варшава во јули, 2016 НАТО ги повика сите политички лидери во Македонија целосно да ги имплементираат своите обврски според Договорот од Пржино, како рамка за одржливо решение на политичката криза. Изборите во декември од меѓународните набљудувачи беа дефинирани како суштински чекор во решавање на кризата. Изборите беа оценети како добро организирани и без поголеми инциденти. НАТО останува посветен на членството на Македонија во Алијансата, во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 и сојузничките изјави дадени на следните самити на НАТО“, вели Столтенберг.

    Вчера и еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан изјави дека откако се собраа доволно потписи очекува претседателот да го даде мандатот за формирање нова влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира