28,89% ИЗЛЕЗНОСТ ДО 15 ЧАСОТ, НАЈМНОГУ ВО ПРИЛЕП – 43,85%

    28,89% ИЗЛЕЗНОСТ ДО 15 ЧАСОТ, НАЈМНОГУ ВО ПРИЛЕП – 43,85%Најголема излезност, исто како и до 13 часот, има во Прилеп - 43,85%, a најмала во Липково - 9,75%. (Фото: К. Попов)

    Излезноста на првиот круг од претседателските избори изнесува 28,89 отсто, соопштија од Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција пред малку кажа дека од околу 75 отсто обработени гласачи места, до 15 часот излегле да гласаат 396.252 избирачи.

    Најголема излезност, исто како и до 13 часот, има во Прилеп – 43,85%, a најмала во Липково – 9,75%. Во Аеродром, излезноста е 35,45%, понатаму Арачиново 15,75%, Берово 34,75%, Битола 32,81%, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24%, Велес 32,11%, Гевгелија 39,26%, Ѓорче Петров 33,3%, Делчево 37,69%, Долнени 16,75%, Илинден 29,18%, Кисела Вода 34,99%, Карпош 37,69%, Кавадарци 39,01%, Македонски Брод 42,22%, Охрид 36,77%, Ново Село 37,71% итн.

    Покрај за претседател денеска во општините Охрид, Ново Село и Дебар се гласа и за избор на нов градоначалник.

    Гласачките места се отворени до 19 часот. Право на глас имаат 1.808.131 избирач. За победа во првиот круг е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари