300.000 ВАКЦИНИ ЌЕ ИМАМЕ ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    300.000 ВАКЦИНИ ЌЕ ИМАМЕ ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ, РЕЧЕ ЗАЕВВо салата „Борис Трајковски“ од понеделникот со 20.000 дози „Спутник“ почна масовната вакцинација. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев денеска најави дека до крајот на април во земјава ќе стасаат 300.000 вакцини против ковид-19. На денешната прес-конференција за економските мерки и политики на Владата, одговарајќи на новинарско прашање Заев рече дека од наредната недела ќе почнат да пристигнуваат вакцини од повеќе производители.

    „Околу 20.000-25.000 наредната недела очекуваме да добиеме од Европската унија во рамките на пакетот од 650.000 вакцини за цел Западен Балкан. Месецов треба да стасаат и првите количини на ‘Фајзер’ од директниот договор што го имаме со оваа компанија, како и втора пратка од Ковакс механизмот на вакцини ‘АстраЗенека’. Исто така, овој месец очекуваме и 200.000 дози од кинеската ‘Синофарм’, како и поголем дел од руската ‘Спутник’ од директниот договор што го имаме со нив“, рече премиерот Заев, на прес-конференцијата за ефектите од досегашните четири пакети економски мерки

    Во земјава во моментов се врши вакцинација на лицата над 77 години во здравствените домови со вакцината „АстраЗенека“, а во салата „Борис Трајковски“ со 20.000 дози „Спутник“ донација од Србија се вакцинира полицијата, армијата, наставници, возачи во јавниот превоз, новинари, судии и обвинители.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира