31,78 ОТСТО Е ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 15 ЧАСОТ

    31,78 ОТСТО Е ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 15 ЧАСОТНајголема излезност до 15 часот има во третата изборна единица и тоа 37,24 проценти; - Од гласањето во Скопје. (Фото: К. Попов)

    До 15 часот излезноста на парламентарните избори е 31,78 отсто. Како што соопштија од Државната изборна комисија од 3.435 избирачки места од вкупно 3. 383, гласале 576.576 граѓани.

    Во првата изборна единица одѕивот е 34,51 отсто од вкупно запишани во избирачкиот список, а во втората изборна единица 28,96 отсто. Најголема излезност има во тројката и тоа 37,24 проценти, во четвртата изборна единица излегле на гласање 35,56 проценти од граѓаните со право на глас. Во петата изборна единица гласале 31,51, а најмала излезност има во шестката каде до 15 часот гласале 22,85 отсто.

    Гласањето денеска поради пандемијата на ковид-19 ќе трае до 21 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира