32 ОТСТО НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ НЕ ОДОБРУВААТ МЕШАЊЕ ВО ШКОЛО НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ СО РЕДОВНИТЕ УЧЕНИЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    32 ОТСТО НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ НЕ ОДОБРУВААТ МЕШАЊЕ ВО ШКОЛО НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ СО РЕДОВНИТЕ УЧЕНИЦИ

    Во Македонија во моментов во основните училишта се запишани 2.235 ученици со попреченост, од кои 1.902 ученика учат во редовни паралелки, заедно со останатите деца, додека 335 ученици со попреченост, учат во посебни паралелки. Како што истакна Заменикот-народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа на денешната презентација на Извештајот од истражувањето за вклученоста на децата со посебни потреби во редовното основно образование, не е сосема јасно на кој начин училиштата одлучуваат дали децата ќе посетуваат настава во редовни паралелки или во посебни, во рамки на училиштето.

    Во 73,5% од случаите одлуките се носеле според наодот за видот и степенот на попреченоста издаден од Комисија за категоризација и тука спаѓаат: деца со оштетен вид, слух, говор, со пречки во телесниот развој, во интелектуалниот развој, деца со аутизам, со хронични болести, хиперактивни деца и други.

    Во 37,9 % случаи, процената за попреченост при упис на детето во училиште, ја вршеле наставници, дефектолог, психолог и педагог.

    Дури 28 отсто од основните училишта, врз база на изјаснување на наставниците и на родителите на сите ученици, одговориле дека не се согласуваат за вклученост на децата со посебни потреби во редовното образование заедно со другите ученици. А четири отсто од училиштата, се изјасниле дека воопшто не се согласуваат.

    Инклузивното образование во Македонија, рече Бајрамовска, тешко се спроведува најмногу поради недостиг од материјални средства. Но, препорача дека мора  да се продолжи со овој процес на вклученост на децата со посебни потреби во редовното образование, да се надгради нормативната рамка за да не се дискриминираат овие деца и да се воспостави континуирана проценка на нивниот напредок во образовниот процес, настрана од медицинската документација.

    Извештајот беше презентиран во ОУ Лазо Ангеловски во Ново Лисиче во Скопје, каде се запишани и учат 26 деца со посебни потреби и ниту едно не е издвоено од паралелките каде што учат ученици во редовното образование. Наставниците се обучени за работа со нив и еден ист наставник одржува настава и испрашување на редовните, но на истиот час одвојува време да предаде и испраша и според наставната програма за ученикот со посебни потреби.

    На промоцијата беа Народниот правобранител Иџет Мемети, кој секоја година изготвува извештај за почитувањето на правата на децата, со акцент на децата со посебни потреби, како и Елспет Ериксон, заменик претставник на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, која е партнер на државата во напорите, како што рече, да се обезбеди квалитетно образование на сите деца, вклучително и на децата со посебни потреби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира