35,13 ОСТО ИЗЛЕЗНОСТ ДО 17 ЧАСОТ, НАЈГОЛЕМА ВО КРИВА ПАЛАНКА 52,82 % НАЈМАЛА ВО ПЛАСНИЦА 12.04%

    35,13 ОСТО ИЗЛЕЗНОСТ ДО 17 ЧАСОТ, НАЈГОЛЕМА ВО КРИВА ПАЛАНКА 52,82 % НАЈМАЛА ВО ПЛАСНИЦА 12.04%Од Државната изборна комисија соопштија дека од обработени 79,73 проценти од гласачките места до 17 часот гласале 496.774 од запишаните избирачи.(Фото: К.Попов)

    До 17 часот на првиот круг претседателски избори гласале 35,13 отсто од запишани избирачи. Од Државната изборна комисија соопштија дека од обработени 79,73 проценти од гласачките места до 17 часот гласале 496.774 од запишаните избирачи.

    Најголема излезност има во општините Крива Паланка 57,82%, Демир Капија 52,78%, Демир Хисар 51,94%, Крушево 50,60%, Прилеп 50,03% и Вевчани 50,93%.

    Најмала излезност до 17 часот има во Пласница 12.04 отсто, Центар Жупа 12,67 отсто, Желино 13,62 отсто и Липково 13, 55 отсто.

    Во општините Охрид, Ново Село и Дебар денеска покрај претседателски се одржуваат и локални избори за избор на нов градоначалник. Во Охрид излезноста до 17 часот е 44,74 отсто, во Ново Село 41,93 отсто и во Дебар 36,31 отсто.

    До сега до ДИК стигнале 10 приговори за нарушено избирачко право.

    Гласачките места се отворени до 19 часот. Право на глас имаат 1.808.131 избирач. За победа во првиот круг е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира