45-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУС НА ПАТ КОН БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“

    45-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУС НА ПАТ КОН БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“Скопјанецот починал на пат кон Градската општа болница „8 Септември“. (Фото: СДК.МК)

    Четириесет и петгодишен скопјанец почина доцна попладнево од коронавирус, соопшти Владата.
    Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 17 часот денес кажа дека во последните 24 часа починати се петмина пациенти.

    „Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) почина 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден за позитивен на коронавирус преку Ветеринарен факултет. Тој починал на пат кон Градската општа болница ‘8 Септември’“, стои во соопштението од Владата.

    Филипче претходно кажа дека четворица пациенти починаа на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје. Станува збор за: пациент од Куманово (52), пациентка од Лабуништа-Струга (65), пациентка од Челопек – Тетово (62) и една пациентка од Штип (81). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

    „Регистрирани се 6 смртни случаи од KОВИД-19 во текот на изминатите 24 часа. Се работи за пациенти од 5 градови Најголем дел се лица над 60 години (3), по 3 машки и женски лица. Кај сите починати лица се присутни симптоми на заболувањето, а од нив 4 биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Во однос на начин на стекнување на болеста, 2 од починатите имале контакт со потврден случај, додека еден има историја на неодамнешно патување“, стои во статистиката која ја објави вечерва Институтот за јавно здравје.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја во изминатите 24 часа изнесува 599 лица, од кои 30 се излечени, а 27 починати.

    На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 67 пациенти, шест се на механичка вентилација, а 12 се со потешка клиничка слика. Има влошување на состојбата на родилката од Куманово. Таа е респираторно независна, но со потешка клиничка слика на белите дробови.

    Во ГОБ  „8 Септември“ во Скопје има 19 пациенти со короонавирус, тројца се на респираторна машина, а деветмина се со потешка клиничка слика. Во Битолската болница се донесени сите пациенти со КОВИД-19 кои беа сместени во Охридската болница, и таа отсега ќе биде регионална болница. Во Штип има четворица пациенти, еден е со средно-тешка клиничка слика, а тројца се со лесна клиничка слика.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира