9 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 НА ВОЗРАСТ ОД 48 ДО 77 ГОДИНИ, НОВИ 143 ПОЗИТИВНИ ОД 1.504 ТЕСТОВИ

    9 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 НА ВОЗРАСТ ОД 48 ДО 77 ГОДИНИ, НОВИ 143 ПОЗИТИВНИ ОД 1.504 ТЕСТОВИВо последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје - 43; - Возило на Брза помош пред Клиничкиот центар во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Во болнички услови во последните 24 часа по компликации од ковид-19 починаа 9 лица, пациент од Виница (70), двајца пациенти од Струмица (67), еден пациент од Охрид (48), од Гостивар (64), двајца пациенти од Тетово (70 и 71) и двајца од Куманово (68 и 77), соопшти Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-16, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-2, Велес-3, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-6, Гевгелија-4, Струмица-11, Радовиш-1, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-1, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-5, Кичево-2 и Неготино-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница ( ГОБ) „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 167, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-14, Прилеп-11, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-3, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-3.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата има 17.343, оздравеа 14.422, починаа 721, а активни случаи се 2.200. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 6.782, активни 626
    • Куманово 1.729, активни 176
    • Дебар 282, активни 41
    • Штип 1.243, активни 57
    • Прилеп 652, активни 122
    • Тетово 1411, активни 172
    • Струга 662, активни 61
    • Велес 316, активни 37
    • Битола 285, активни 59
    • Охрид 418, активни 46
    • Кавадарци 225, активни 39
    • Гостивар 924, активни 110
    • Гевгелија 119, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 215, активни 136
    • Крива Паланка 102, активни 27
    • Радовиш 75, активни 22
    • Крушево 20, активни 3
    • Кочани 319, активни 140
    • Пробиштип 108, активни 19
    • Демир Хисар 61, активни 2
    • Македонски Брод 92, активни 13
    • Пехчево 43, активни 3
    • Берово 91, активни 28
    • Валандово 27, активни 18
    • Виница 105, активни 27
    • Делчево 157, активни 84 (34 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 24, активни 1
    • Свети Николе 327, активни 24
    • Кичево 317, активни 38
    • Ресен 162, активни 14
    • Неготино 50, активни 3 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.504 теста се преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-320, Биотек-169, МАНУ -92, Жан Митрев (Филип Втори)-120, Систина со ПЦР метода -155, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-20, ЦЈЗ Битола-10, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-26, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 64
    • Гази Баба – 76
    • Аеродром – 96
    • Карпош – 67
    • Центар – 96
    • Кисела Вода – 61
    • Ѓорче Петров – 42
    • Бутел – 30
    • Шуто Оризари – 18
    • Студеничани – 9
    • Сарај – 12
    • Арачиново – 6
    • Илинден – 24
    • Сопиште – 3
    • Чучер Сандево – 5
    • Петровец – 6
    • Зелениково – 1
    • Странец – 9
    • Нераспределен-1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира