АДВОКАТОТ НА ДУРЛОВСКИ ПОБАРА ДА БИДЕ ПУШТЕН ОД ПРИТВОР ОТИ Е ТАТКО НА ТРИ ДЕЦА

    АДВОКАТОТ НА ДУРЛОВСКИ ПОБАРА ДА БИДЕ ПУШТЕН ОД ПРИТВОР ОТИ Е ТАТКО НА ТРИ ДЕЦАСоветот на Апелациониот суд треба одлука по жалбата на притворениот Дурловски да донесе во текот на следните денови. - Дурловски на денешната јавна расправа во Апелација (Фото: СДК.МК)

    Ставре Џиков, адвокатот на Игор Дурловски, денеска од Апелациониот суд побара неговиот клиент да биде пуштен од притвор со образложение дека станува збор за татко три деца и национален уметник, кој ја претставува земјата во странство и поради тоа нема да бега. Дурловски, кој дојде од истражниот затвор во Шутка на јавната расправа во Апелација, кажа дека нема што да додаде на излагањето на неговиот адвокат.

    Вишото јавно обвинителство потсети дека Дурловски, еден од водачите на „За заедничка Македонија“, е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата и дека местото на вршење на кривичното дело е законодавниот дом. Побара Дурловски да остане во притвор, т.е. да се одбие неговата жалба.

    Во Скопска апелација беше и оперската певица Ана Дурловска, сопруга на притворениот Дурловски за учество во организираниот напад во Собранието на 27 април. Таа беше со маичка на која е отпечатен ликот на нејзиниот сопруг, со натпис: „Правда за Игор“. Советот на Апелациониот суд треба одлука по жалбата на Дурловски да донесе во текот на следните денови.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира