АГИМ НУХИУ ОД ДУИ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ДО НОВАТА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АГИМ НУХИУ ОД ДУИ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ДО НОВАТА ВЛАДА

    Кога ДИК ќе ги потврди резултатите од изборите со објавување на официјалните резултати, му завршува мандатот на техничкиот министер Оливер Спасовски, и на негово место до избор на нова влада ќе биде заменикот министер во МВР Агим Нухиу од ДУИ.

    Ова е предвидено со договорот на четирите партии од 20 јули 2016 година со кој се договори владата која ќе ги спроведува изборите и датумот на изборите.

    Законот за Влада беше изменет со цел мандатот на сите министри и дополнителните заменици министри кои се избрани согласно Договорот од Пржино да заврши на денот кога Државната изборна комисија ќе ги потврди официјалните резутлати од изборите.
    Замениците министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика ќе ги превземат надлежностите на министрите се до формирањето на новата Влада.

    Во биографијата на Нухиу објавена на сајтот ма МВР, стои дека тој е доктор на правни науки – Правен факултет – Универзитет во Тирана, Албанија, 2009-2013, магистер на правни науки – граѓанско право, Правен факултет – Универзитет во Приштина, Косово, 2001-2008; и  магистер на правни науки – граѓанско право, Правен факултет – Универзитет во Тирана, Албанија, 2005-2007.
    Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово во 2001 година.

    На место на министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, во министерската фотелја ќе седне нејзиниот заменик, Ибрахим Ибрахим.

    Пратеникот и преговарач од ДУИ во Пржино Артан Груби по потпишувањето на договорот  во јули,  изјави дека било договорено  нов министер за внатрешни работи да биде Албанец.

    Според роковникот на ДИК, конечните резултати би можеле да бидат објавени најдоцна на 21 декември, откако ќе бидат познати одлуките на Управниот суд, и доколку нема прегласување на некое избирачко место. Доколку има прегласување, гласањето треба да се одржи на 25 декември.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира