АГРОН БУЏАКУ НОВ АМБАСАДОР ВО КАНАДА, АГНЕСА РУСИ-ПОПОВСКА ВО БУГАРИЈА

    АГРОН БУЏАКУ НОВ АМБАСАДОР ВО КАНАДА, АГНЕСА РУСИ-ПОПОВСКА ВО БУГАРИЈАМинистерот Османи вели дека бројот на пополнети места - амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на неговиот мандат се зголемил на 24. - Агрон Буџаку; Агнеса Руси-Поповска (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека се испратени нови амбасадори во Бугарија, Канада и во Обединетите Нации. Нов македонски амбасадор во Канада е Агрон Буџаку, во Бугарија оди Агнеса Руси-Поповска, додека во ОН оди Љубомир Данаилов-Фрчкоски.

    „По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, сакам да информирам дека се утврдени следните предлози за амбасадори: Агнеса Руси-Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија; Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада; Љубомир Данаилов-Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации“, кажа Османи.

    Буџаку е поранешен македонски амбасадор во Франција, а беше и министер за транспорт и врски, како и директор на Центарот за управување со кризи. Руси-Поповска е дипломатка од кариера и нејзин последен ангажман беше како шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира