АКО БИТОЛА ЖИВЕЕ БЕЗ ЧИСТ ВОЗДУХ И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОЖИВЕЕ МАЛКУ БЕЗ СТРУЈА, ПОРАЧАА ОД „ЗА НАС СЕ РАБОТИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АКО БИТОЛА ЖИВЕЕ БЕЗ ЧИСТ ВОЗДУХ И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОЖИВЕЕ МАЛКУ БЕЗ СТРУЈА, ПОРАЧАА ОД „ЗА НАС СЕ РАБОТИ“

    Ако 25 години битолчани живееле без чист воздух, веројатно и Македонија ќе поживее малку и без електрична енергија, велат борците за чист воздух од Битола. Од здружението „За нас се работи“ не ја исклучуваат можноста да ги радикализираат протестите и блокадите ако политичките партии не го потпишат меморандумот со кој бараат режим на сообраќајот во центарот на градот и субвенционирање на електричната енергија. Денес беше трет ден како го блокираат патот кон РЕК и влезот на Битола од страната на Прилеп. На протестите имаше и деца.

    „Заедно ќе одлучиме што понатаму. Веројатно, Македонија ќе може да поживее малку и без електрична енергија. Има луѓе кои се јавија овие денови, кои се справуваат со болеста на своите деца, ги гледаат во постела и ги носат на хемотерапија во Скопје. Ова е елементарна непогода и крајно време е да почнеме да ја решаваме“, изјави Дуле Груевски од „За нас се работи“.

    Сепак, и денес повеќе битолчани имаше на панаѓурот со стока од Шутка, отколку на протести.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира